NORTH MACEDONIA

Достапни се едукативни материјали за лицата со мултипла склероза и членовите на нивните семејства

Достапни се едукативни материјали за лицата со мултипла склероза и членовите на нивните семејства

Мултипла склероза (МС) е хронична, прогресивна болест која најчесто се јавува кај млади лица и со која пациентите мора да живеат целиот свој живот. Симптомите и знаците кај МС може да бидат  толку различни и индивидуални кај секој пациент, што оваа болест уште се нарекува и "Болест со илјада лица".

Често на лицата кои боледуваат од МС им е потребна помош и совети од различни стручни лица за да можат да се изборат со секојдневните предизвици кои оваа дијагноза ги носи со себе. Затоа Националното здружение за помош и поддршка на лица со мултипла склероза во Македонија, во соработка со фармацевтската компанија Медис која е застапник на Biogen и стручни лица – невролози од Универзитетската Клиника за неврологија,  работеше на превод, адаптација и објава на шест едукативни брошури наменети за лицата со мултипла склероза (МС) и лицата кои се грижат за нив.

Ова се шесте брошури со корисни информации на различни теми за МС пациентите:

Првите две брошури се веќе објавени и промовирани на веб страната на здружението, како и на нивните социјални медиуми, а истите се дистрибуирани на Клиниката за неврологија каде пациентите ќе можат да подигнат печатен примерок.

Медис во минатите години има континуирана соработка со Националното МС здружение во Македонија, поддржувајќи различни проекти кои се во интерес на пациентите со МС и нивните семејства, а ќе остане нивен партнер и во иднина со цел подобрување на животот на сите лица кои секојдневно се борат со оваа болест.